ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Немаме платформа против Албанците, туку платформа против партиските профитери и криминалци

ДУИ ја менува реториката во милитантна со цел да се создадат етнички тензии кога ја губи власта и затоа што нејзини членови треба да одговараат за криминал, смета  премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи  на прашање на пратеничката од ДУИ Арбана Пашоли која обвини дека Владата спроведува „платформа против Албанците“.

Advertisements

Како што рече, „ова не е платформа против Албанците, ова е платформа  против партиските профитери и криминалци“, без разлика на нивната етничка припадност, доколку се осомничени за сторен криминал.

Мицкоски и порача на Пашоли да им пренесе на нејзините сопартијци кои, рече, требало да седат покрај неа, „дека најголем дел од нив и ним блиските се поврзани со основани сомнежи за злоупотреба и сторен криминал којшто го направиле во изминатите повеќе од 20 години активно учествувајќи во власта“.

-Жалам што поради тоа што со употреба на европско знаменце, преку политички мускули донесовте измени во Кривичниот законик, па најголем дел од тие луѓе, на кои сега им се обраќам преку вас, нема да може да одговараат. Затоа вие и ги донесовте тие измени на  Кривичниот законик за тие луѓе да ги заштитите да не одговараат. Сега се кријат зад превезот на создавање етничка фрикција.  Ние тоа нема да го дозволиме бидејќи сме одговорна влада која се грижи за сите граѓани на целата територија на Македонија, истакна Мицкоски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button