СВЕТ
Австралискиот парламент донесе закон со кој се забрануваат социјалните мрежи за помлади од 16 години

Австралискиот парламент денеска го усвои, прв во светот, закон со кој се забрануваат социјалните мрежи за деца под 16-годишна возраст.
Се очекува Snapchat, TikTok, Facebook, Instagram, Reddit и X (Twitter) да бидат забранети, но листата може да се прошири.
Сенатот, на последниот ден од седницата во годината, ја одобри забраната за социјалните мрежи, по неколкумесечна интензивна јавна расправа и бурниот парламентарен процес во кој предлог-законот беше презентиран, расправан и усвоен во рок од една недела, објави Си-Ен-Ен.