СПОРТФУДБАЛ

Дерби за врвот се игра во Ѓорче, тест за Брегалница и Башкими

Денеска се играат натпревари од Втората лига, а еден од дуелите кои можат да бидат решавачки во битката за врвот на табелата се игра во Ѓорче. Македонија Ѓорче Петров го пречекува Арсими и со победа во овој дуел „лавовите“ би направиле сериозен чекор кон титулата есенски шампион. Уште денеска тие би можеле и да стана есенски шампион во случај да не победат Брегалница и Башкими.

Advertisements

Во својот натпревар Брегалница на домашен терен игра со Охрид кој во последниот период има лоши резултати, додека Башкими оди на гости кај незгодниот Детонит кој сезонава покажа дека може да ги изненади фаворитите.

Сите натпревари се играат во терминот од 13:00 часот.

ВМФЛ 14. КОЛО:
Македонија Ѓорче Петров – Арсими
Борец – Брегалница
Брегалница – Охрид
Кожуф – Победа
Детонит – Башкими
Осогово – Саса
Вардар Неготино – Вардарски
Осогово – Саса

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button