СПОРТФОРМУЛА - 1

Џорџ Расел ќе стартува прв во Катар, стјуардите го казнија Ферстапен

Холандскиот возач во болидот на Ред Бул, Макс Ферстапен, кој веќе е светски шамспион иако да крајот на сезоната има уште две трки, ќе стартува од втората позиција на пресметката за Големата награда Катар, иако беше најбрз во вчерашните квалификации на патеката Лусаил.

Advertisements

Стјуардите го казнија со едно место подолу, односно неговата пол-позиција беше одземена поради прекршок што го направи во третата квалификациска сесија, кога го попречи Џорџ Расел во обид за најбрзо време. Ферстапен извозе фантастичен круг за 41-та пол-позиција во неговата кариера и прва по петмесечна пауза, што за жал ќе мора да се избрише.

Одлуката на стјуардите значи дека веќе четирикратниот светски шампион ќе стартува зад британецот во Мерцедес, кој ја презеде пол-позицијата. На третото и четвртото место ќе бидат Ландо Норис и Оскар Пјастри во болидите на Мекларен.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button