СПОРТФУДБАЛ

Нови проблеми за Реал, Ла Лига отвори истрага против Винициус Жуниор

Винициус Жуниор се најде во непријатна ситуација поради објава на социјалните мрежи. Поради таа објава Ла Лига го обвини Бразилецот за пиратерија, против која жестоко се бори. Инаку, станува збор за фотографија која Винисиус ја објави додека го следеше натпреварот меѓу Ливерпул и Реал Мадрид.

Advertisements

„За време на натпреварот меѓу Ливерпул и Реал Мадрид, Винициус на Инстаграм објави фотографија на која го гледа натпреварот. На екранот се гледа логото на ТНТ Спорт. Ова е пиратерија. Кога некој ги гледа натпреварите од Лигата на шампионите во Шпанија, тоа мора да го направи преку каналот Мовистар, кој ги поседува ТВ правата за ова натпреварување кај нас“, стои во жалбата на Ла Лига.

Винициус поради повреда некој период е надвор од терените.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button