
При полициска акција на пет локации во Скопје и Куманово, уапсени се 4 лица кои биле под истрага како осомничени за посредување во вршење проституција и перење пари. Прво осомничена е бразилска државјанка со дозвола за привремен престој во Северна Македонија, која соработувала со двајца државјани на Северна Македонија и две непознати лица од Португалија. Осомничените организирале регрутирање, транспортирање и засолниште на жени од Бразил за профит. Тие во период од речиси една година примиле пет жени од Бразил на возраст од 26 до 38 години, кои ги сместиле во неколку станови во Скопје.
“Девојките во двата стана давале сексуални услуги на клиенти кои со нив стапувале во контакт преку меѓународна веб страна наменета за ескорт девојки во цела Европа. На страницата девојките имале креирани еден или повеќе профили на кои биле постирани телефонски броеви, ценовник на сексуални и дополнителни услуги и фотографии со експлицитна содржина. Првоосомничената ги контролирала профилите на девојките, контактирала со потенцијалните клиенти, го организирала дневниот распоред на клиентите за секоја девојка, го определувала времетраењето на давање на услугите кои се движеле од 150 евра за половина час, до 800 евра за цела ноќ. За нејзиниот ангажман добивала 30% од заработувачката на девојките која ја делела со второ и третоосомничениот кои организирале сместување и безбедност за девојките”, велат од Основно јавно обвинителство.
Според обвинителството, заработените пари биле испраќани во странство преку електронски трансфер системи и преку електронски пари, односно со криптовалути.
„Со намера да го прикрие вистинскиот извор, првоосомничената 26.151 евра ги испратила преку систем за електронски трансфер на пари кон четири лица во Португалија и три лица во Бразил во текот на една година. Второосомничениот префрлил 3.000 долари во Норвешка и други суми за покривање на киријата и дневните трошоци на девојките. Третоосомничениот испратил 1.965 евра на сметката на главниот осомничен во Португалија и 150 евра во Колумбија. Четвртиот осомничен, редовен клиент, креирал електронска сметка за една од жените да го скрие изворот на приход од незаконски активности, дозволувајќи и да врши трансакции преку електронски паричник (криптовалута)„, велат од Основно јавно обвинителство.
При оваа акција е одземена телефонска опрема, лаптоп, две огнени оружја, пари во домашна и девизи и документи. Обвинителот до Основниот кривичен суд Скопје поднесе барање за определување притвор за четворицата осомничени./Алсат.мк
Ајнур Бафќари