
Американскиот претседател Џо Бајден издаде помилување за неговиот син Хантер Бајден во судската постапка против него за даночни прекршувања и во врска со носење огнено оружје, а својата одлука ја оправда со тврдењето дека неговиот син бил подложен на неправедно гонење.
„Ниту еден разумен човек кој ги разгледува фактите од случаите на Хантер не може да дојде до друг заклучок освен што тој беше издвоен само затоа што тој е мој син – и тоа е погрешно. Имаше обид да се скрши Хантер. Во обидот да го скршат Хантер, тие се обидоа да ме скршат мене- и нема причина да верувам дека ќе застане тука, доста е“, рече Бајден во изјавата од Белата куќа.
Во помилувањето се наведува дека Бајден му дал целосно и безусловно помилување на Хантер Бајден за какви било прекршоци помеѓу 1 јануари 2014 година и 1 декември оваа година.