ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Претседателката на Судскиот совет Дамева, поднесе оставка

Претседателката на Судскиот совет Дамева, поднесе оставка

Досегашната претседателка на судскиот совет Весна Дамева си поднесе неотповиклива оставка од оваа функција. Во своето получасовно образложување на одлуката, меѓу другото, Дамева како причина го посочи и политичкиот притисок врз советот од премиерот Мицкоски и владејачката гарнитура.
“И кога нема слух за подобрување на состојбата во кога нема слух за подобрување на состојбата во судството и истото е опструирано од власта, и на разно разни начин и претседателот на Владата и политчарите од владеачката гарнитура, од собраниска говорница или преку прес службата изразуваат негативен став спрема Судскиот совет, спрема членови во Советот, но најпоразително од се е што изразуваат негативен став кон судиите, од кои поголемиот број навистина не го заслужуваат тоа, сметам дека единствено што ми останува е да го заштитам мојот личен интегритет и мирот и спокојството и мое и на моето семејство, поради што поднесувамнеотповиклива оставка од функцијата претседател на судскиот свет на Северна Македонија”, рече Весна Дамева.

Advertisements

За Дамева, поразително е тоа што Мицкоски од собраниска говорница зборувал дека во советот има кланови и се фалсификуваат записници, па го повика доказите да ги достави до обвинителство. Според Дамева власта на чело со премиерот правела се само за да го наруши нејзиниот интегритет и интегритетот на советот.
„Во неколку наврати тој, како и политичари од сегашната власт се обраќаа со негативни ставови за членови на Судскиот совет, нивна поврзаност со одредени политичари од претходната власт и сето тоа во насока да се претстави во јавноста дека јас или пак членовите на Советот не ја извршуваме функцијата професионално, стручно, совесно и одговорно, а Судскиот совет, заедно со Советот на јавни обвинители беа посочни како тела кои треба да бидат распуштени„, додаде Весна Дамева.

Целта на Мицкоски со ова според неа била тој да постави свои луѓе во советот. Покрај Мицкоски, Дамева го впери прстот и во пратеникот Антонио Милошоски, за кого рече оти се дрзнал да упати закани за кривична одговорност кон носител на јавна функција, додека обвинувал дека таа незаконски сака да си го продолжи мандатот во советот. Дамева за претседател на судскиот совет беше избрана на 5 декември пред две години, функцијата ја вршеше до 26 април минатата година кога беше разрешена, а потоа со одлука на управниот суд на 4 јануари годинава се врати на оваа позиција./Алсат.мк

Михаило Донев

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button