ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Просветните инспектори придружувани од полицијата извршиле контроли во основното училиште „7 Март“ во село Челопек

Просветните инспектори придружувани од полицијата извршиле контроли во основното училиште „7 Март“ во село Челопек

Во ОУ „7 Март“ во село Челопек општина Брвеница денеска започна наставата во присуство на полиција и инспектори пред училишниот двор. Ова следува по најавата на министерката за образование Весна Јаневска за контрола во врска со облекувањето на децата на празникот 28 ноември, со униформи на ОНА и пластично оружје во рацете. Директорот на училиштето рече дека претставата е нормална и нема тенденција за поделба или поттикнување меѓуетнички тензии. Тој го осуди присуството на голем број полицајци и инспектори во училиштето.

Advertisements

„Беше детска претстава, ништо повеќе, немаше никаква политичка позадина, ниту пак пренесовме некаква порака за поделба или војна, не дај Боже. Едноставно, тоа беше манифестација за децата да ги одбележат историските датуми на Албанците кои се слават во сите училишта во албанските земји. Зборувам од перспектива на прв човек на институцијата и тоа го кажувам за кохезијата во нашето училиште како од родителите, вработените, учениците и целата заедница дека односите се одлични, биле и ќе бидат во иднината. Во регионот сме пример за меѓуетничка кохезија“, рече Јасин Река, директор на О.У. „7 Март“- Челопек.

Се обидовме да добиеме изјава од државниот просветен инспекторат зошто се дојдени, но без одговор.
атмосфера

Зошто дојдовте? Кратко прашање, за што дојдовте, за каква посета се работи?

„Државниот просветен инспекторат нема што да коментира… па ќе видиме„, рече еден инспектор.

Реагираше и првиот човек на Секторот за образование на општина Брвеница и првиот човек на општината. Бараат ова прашање да не се злоупотребува од политиката.

„Точно, можеби тоа не требаше да се случи, но тоа се случи случајно, според мене. Меѓуетничките односи овде се добри со години, овие ученици од ова македонско училиште учат во Чолопек речиси три месеци, па би било добро да не се зголемуваат тензиите. Апсолутно не вреди да се занимаваме со ова, но тоа се случува поради други случаи кои сите ги знаеме и го користат овде за да креваат тензии. Случајот политички се користи максимално. Не сакам да прејудицирам, но се знае дека доаѓаат локални избори и растат тензиите“, рече Џељаљ Ахмети, одговорен за образование во општина Брвеница.

Одлуката на просветниот инспекторат за вонредната контрола во училиштето „7 Март“ во Чолопек се очекува да биде познато во наредните денови./Алсат.мк

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button