
Откако активирал петарда што ја нашол на улица, малолетник во Загреб завршил во болница со тешки повреди.
Со запалка активирал пиротехничко средство, најверојатно фрлено, соопшти хрватската полиција, повикувајќи ги родителите да ги предупредат своите деца за опасноста од пиротехнички средства.
ТВ „Хрватска Нова“ објави дека се работи за 14-годишно момче кое ја нашло петардата на улица и ја запалило со запалка.
„Тешки физички повреди, значи се работи за повреда на десното око со губење на видот, добил и повеќе изгореници на лицето и двете раце, како и повеќекратни скршеници на левата рака“, изјави Марио Куртањек, детски хирург н во Загреб.
Поради ваквите случаи, петардите од секаков вид се целосно забранети во последните три години, потсетува порталот. Сепак, наскоро ќе започне продажбата на дозволените средства за возрасни. Од 27 декември до 1 јануари може да се користат пиротехнички средства од категоријата Ф2 и Ф3, пренесува медиумот.
„Таканаречената ознака Ф3 е малку посилно пиротехничко средство како што се некои ракети, огномети и слично, тоа се средства чија употреба го зголемува ризикот“, забележува Раде Стојадиновиќ, судски експерт за оружје и балистика.