ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Владата не гледа објективни причини за барањето на СДСМ за лидерска средба

Како Влада не ја гледаме објективноста на барањето за лидерска средба. Ова е ставот што денеска го повтори владината портпаролка Марија Митева одговарајќи на новинарско прашање околу барањето на опозицијата за одржување на лидерска средба, а кое дојде по минатонеделните тензични ситуации при прославата на Денот на албанското знаме.

Advertisements

„Како Влада не ја гледаме објективноста за барањето за ваква средба. За целта ќе треба да ги прашате оние што ја бараат. Во минатото имавме Влада што немаше капацитет да води политички дијалози, сега имаме Влада која и во рамки на извршната, но и во законодавната власт има капацитет да води такви политички дијалози“, рече Митева на денешната прес-конференција.

Таа вели дека е чудно тоа што барањето за лидерска средба е испратено преку медиумите и упати повик до опозициската СДСМ тоа да го направи на официјален начин.

„Сосема е чудно зошто ова барање за лидерска средба доаѓа преку медиумите. Се надеваме дека знаат како се испраќаат официјални барања за лидерска средба, еве нека испратат па ќе разлислиме и ќе одлучиме“, додаде Митева.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button