СВЕТ

Во САД само со негативен ПЦР тест

САД ќе бараат негативен тест на коронавирус за сите кои патуваат во земјата, пред да се качат на авионот, јавија американските медиуми синоќа.

Advertisements

Станува збор за нова мерка од државниот Центар за контрола на заболувањата  (ЦДЦ) која стапува во сила на 26 јануари.

„Тестирањето не ги елиминира сите ризици, но ако е комбинирано со период на самоизолација и секојдневни мерки на претпазливост, како носење маски и физичка дистанца, тоа може да го направи патувањето побезбедно, поздраво и поодговорно за намалување на ширење на заразата во авионите, на аеродромите и на крајните дестинации“, изјави д-р Роберт Редфилд, директор на ЦДЦ, најавувајќи ја новата мерка.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button