
Народниот правобранител алармира дека не се остваруваат правата во образование на децата со проблеми со слухот. Во државниот центар за образование и рехабилитација „Партенија Зографски“ во Скопје, каде што 45 ученици со проблеми со слухот од целата држава посетуваат средно училиште, најголем дел од наставниот кадар има многу малку познавање на знаковниот јазик, додека има наставници кои воопшто не го познаваат овој јазик. Народниот правобранител побара обука на наставниците.
Истражувањата велат дека главната причина поради која учениците со проблеми со слухот, не продолжуваат со високото образование е тоа што не добиваат квалитетно образование и се загрижени за својата иднина. Луѓето со проблеми со слухот сакаат да можат да комуницираат со другите.
Здружението „Гласовни раце“, исто така, бара да се најде систематско решение за овие лица.
Народниот правобранител на Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби говореше за потребата од инклузивност и потребните законски измени за олеснување на животот на овие лица. /Alsat.mk