Полицијата се уште го истражува идентитетот на лицето кое пред неколку дена запали три автомобили и деловен објект
Полицијата се уште го истражува идентитетот на лицето кое пред неколку дена запали три автомобили и деловен објект

Полицијата се уште трага по лицето или лицата кои пред еден ден во Куманово запалиле три автомобили и канцеларија за сметководство. Засега нема осомничени, иако снимките од безбедносните камери кои се добиени се гледа како проаѓа осомничениот. Во неофицијални околности се дознава дека пироманот носел црна облека и кремаста капа. Се сомнева дека рутата по која се е од булеварот „11 Октомври“ каде што беше опожарена канцеларијата, продолжувајќи кон улицата „Вардарска“ и улицата „Терст“.
Некои прашања што ги покренаа истражителите главно се поврзани со семејната врска меѓу некои од оштетените. Другиот факт што го поттикна оперативниот интерес е случајноста или не како се палеле само бели автомобили.
Од пожарот што избувна ден претходно во канцеларијата за сметководството во сопственост на Ментор Јакупи евидентирана е материјална штета. Во меѓувреме, во дворот изгоре автомобилот на вишиот обвинител Џелал Бајрами. Другиот опожарен автомобил во дворот бил на Ментор Шахини, додека еден од автомобилите кој не се запалил, но има траги од обид за опожарување е на име на воен полковник. Сите оштетени пред полицијата се изјасниле дека немаат проблеми со ниту едно лице и дека во изминатиов период не добивале закани за вакви дејствија./Алсат.мк