ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Државниот просветен инспекторат сè уште не излегол со извештај по инспекциите од претходниот ден во Основното училиште во Челопек

Државниот просветен инспекторат сè уште не излегол со извештај по инспекциите од претходниот ден во Основното училиште во Челопек

Еден ден по контролата на Државниот просветен инспекторат во училиштето „7 Март“ во Челопек, сè уште не се знае дали ќе се преземат мерки против училиштето. Иако побаравме одговор по електронски пат, шефот на Државниот просветен инспекторат, одби да одговори, а на инспекторите не им беше дозволено да зборуваат. Покрај во училиштето „7 Март“, контроли имаше и во тетовското средно медицинско училиште.

Advertisements

„Имаше уште една контрола во средното медицинско училиште. Но, за информација, манифестацијата на ноемвриските празници ја направи во периодот помеѓу двете смени на наставниот процес и целата оваа организација беше во рамките на годишната програма за организирање воннаставни активности. А според информациите кои ги добивме од инспекторатот, не е констатиран прекршок од средното медицинско училиште, бидејќи организацијата била во рамките на годишната програма за работ на медицината, програма која секоја година поминува во општинскиот совет како основач на училиштата“, велат Назми Даути- Раководител на Секторот за образование.

По вчерашниот ден кога ситуацијата изгледаше напната во село Челопек, тетовско, со присуство на полициски службеници, денеска школскиот ден продолжи без никакви пречки./Алсат.мк

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button