ВЕСТИСВЕТ

Во францускиот Парламент ќе се гласа за доверба на владата

Пред денешното парламентарно гласање за (не)доверба на француската влада, премиерот Мишел Барние синоќа ги повика пратениците на одговорност „за да се избегне политички и буџетски хаос“, додека францускиот претседател Емануел Макрон рече дека не може да верува во сценариото за соборување на владата.

Advertisements

„Ситуацијата е тешка на буџетско ниво, на финансиско ниво и многу тешка на економско и социјално ниво“, рече Барние во Парламентот и додаде дека гласањето за недоверба на владата ќе ја отежне ситуацијата сериозно.

Предлогот за гласање доверба на Владата е поднесен во понеделникот на предлог на радикалната левица и екстремната десница. Предлогот, кој доби 185 потписи, беше поднесен откако Барние го искористи своето уставно право да го заобиколи парламентарното гласање за усвојување на буџетот за социјално осигурување.

Макрон, од своја страна, за време на посетата на Ријад рече дека не може да верува во гласањето за недоверба на владата.

Според него, екстремно десничарската партија Национален собир покажала „неподнослив цинизам“ бидејќи се здружила со левицата.

Макрон оцени дека социјалистите, особено поранешниот социјалистички претседател на Франција Франсоа Оланд, покажале „целосно губење на компасот“.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button