На 11 декември Уставен ќе ја почне постапката за оценување на Законот за јазиците

Уставниот суд го утврди 11 декември како датум на одржување на седницата за поведување постапка за оценување на уставноста на Законот за јазиците.
Иако ситуацијата е сé уште кревка по судирите и меѓуетничките инциденти со палењето на знамињата, 11 декември сега останува во рацете на учеството на судиите албанци и од другите заедниците. Неофицијално е најавено дека членовите албанци Осман Кадриу и Насер Ајдари нема да учествуваат на седницата. Во меѓувреме, судијата од турската заедница Фатмир Скендер, најверојатно, нема да ја бојкотира седницата.
Албанските членови, со бојкотот на седницата, имаат намера да го блокираат отпочнувањето на постапката за Законот за јазиците, бидејќи Уставниот суд во 2022 и 2023 година има донесено заклучок дека за секоја постапка поврзана со Законот за јазиците, Договорот од Преспа и Законот за електронски комуникации, треба да се одлучува со едногласно учество на сите членови на судот.
Уставен суд:
Донесовме заклучок – Законот за јазиците да се испита во целост –
„Уставниот суд во периодот 2022-2023 година има донесено два заклучоци за постапување по предмети кои се од особен интерес за граѓаните и државата, како што се Законот за ратификација на т.н. Преспански договор, Законот за употреба на јазиците и Законот за електронски комуникации. Со првиот заклучок, во 2022 година, судиите едногласно одлучија трите предмети да не бидат ставени на дневен ред, додека Уставниот суд не се комплетира со 9-те судии, со оглед на фактот дека 17 месеци се работеше на работ на кворумот со само 5 судии“.
Во последното интервју на претседателот на Уставниот суд, тој не ја исклучи можноста за употреба на резервен инструмент, за евентуално враќање на Законот за јазиците во законодавната институција, да побара усогласување врз основа на препораките на Венецијанската комисија, во 2019 година.
Тоа би значело избегнување или кршење на самиот заклучок усвоен од Уставниот суд.
Суад Бајрами