Денеска почна украсувањето на главниот град

„Градот Скопје минатата година доби доста критики за украсувањето на крајот на годината, но и за куќарките кои беа отстранети некаде кон средината на април годинава. Денеска повторно се поставуваат овие куќички, но иако е 4 декември, сепак недостига украсување во центарот на Скопје“, известува репортерот на Алсат.
На прашањето на Алсат, граѓаните велат дека Скопје без украси изгледа мрачно. Останатите не очекуваат поразлично украсување од лани, кое стана предмет на потсмев во регионалните медиуми.
По многу критики за доцното украсување на Скопје минатата година, градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска изјави дека во 2024 година Скопје ќе почне со новогодишното украсување од септември.
Но, Арсовска не остана на зборот. Веќе влеговме во декември, додека во центарот на Скопје почнаа да поставуваат само неколку скромни украси. Од град Скопје не добивме одговор колку средства се одвоени за украсување на градот за ногодишните празници.
Авни Тахири