ВЕСТИСВЕТ

Франција е во политичка криза, откако парламентот ѝ изгласа недоверба на владата на Барние

Франција се најде во политичка криза откако вечерва Долниот дом на парламентот на земјата ѝ изгласа недоверба на малцинската влада на премиерот Мишел Барние, кој функцијата ја извршуваше само три месеци, пишуваат светските медиуми.

Барањето за гласање недоверба пред францускиот парламент го поднесе сојузот на крајнолевичарските партии, а беше поддржан од пратениците од екстремно десничарскиот Национален фронт на Марин Ле Пен.

Advertisements

За соборување на владата на Барние вечерва гласаа вкупно 331 пратеник, што е значително повеќе од неопходното мнозинство од 288 гласа.

Сега, како што пишува „Гардијан“ во освртот по гласањето, Барние ќе мора да поднесе оставка како премиер, откако пред гласањето предупреди дека Франција ќе биде „втурната во непознатото“.

Соборувањето на владата го остава претседателот Емануел Макрон да се соочи со најтешката политичка криза во неговите два претседателски мандати. Денешниот исход го става под прашање одлучувањето за буџетот на земјата за следната година што беше и повод прашањето за доверба на владата на Барние да се најде пред пратениците во францускиот парламент.

Макрон, чиј втор претседателски мандат трае до напролет 2027 година, не е обврзан самиот да се повлече. Тој ја отфрли можноста да поднесе оставка, нарекувајќи го таквото сценарио „политичка фикција“. Но, дел од ултралевичарите и крајната десница повикаа на негово повлекување.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button