СПОРТФУДБАЛ

Мохамед Салах постави нов рекорд во Премиер Лигата

Во натпреварот од 14. коло во англиската Премиер лига, Ливерпул и Њукасл одиграа одличен натпревар кој на крајот заврши без победник 3:3. Мохамед Салах постигна два гола и додаде асистенција со што стана и рекордер во најсилното англиско натпреварување. Египетскиот фудбалер во 37 натпревари во кариерата, постигнал гол и запишал асистенција.

Advertisements

Заедно со Салах на врвот се до вчера беше Вејн Руни, меѓутоа сега фудбалерот на Ливерпул е пред него, Руни остана на 36, бројка до која дојде во 2016 година.

Салах до рекордот успеа да дојде со 277 премиерлигашки натпревари, додека за Ливерпул вкупно во сите натпреварувања одигра 370 натпревари во кои постигна 226 гола и подели 101 асистенција. Сезонава тој е водечки стрелец со 13 голови и втор асистент со осум додавања за гол.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button