Џолев: Не сме тука да водиме војни, проблемите во судството се заеднички и треба заедно да ги решаваме

Не сме тука да водиме војни и мислам дека проблемите кои што постојат во судството се заеднички на судската, извршната и законодавната власт и заедно треба да ги решаваме, вели претседателот на Здружението на судии и претседател на Основниот кривичен суд Скопје, Иван Џолев.
Прашан за најавените реформи и робусна акција во правосудството, Џолев посочи дека судството е едно од најреформираните области.
„Судството е едно од најреформираните области и ние ќе продолжиме во тој правец да се однесуваме. Тоа е потрбено за сите, за владеење на правото, за правна држава. Не сме тука да водиме војни и мислам дека проблемите кои што постојат во судството се заеднички и на судската и на извршната и на законодавната власт. Ќе повторам, заедно треба да ги решаваме и судството во тој правец размислува, изјави Џолев“.