ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Пропадна тендерот за набавка на нафта на ЈСП

Во Град Скопје повторно може да се врати хаосот со јавниот превоз. Тоа е затоа што новиот тендер за набавка на нафта, според информациите, повторно пропаднал, додека нафтените резерви што Владата ги обезбеди за јавниот превоз се речиси при крај. Според премиерот, Христијан Мицкоски, Владата нема да стои со скрстени раце против овој проблем и ЈСП повторно би можела да позајми нафта од Владата. Но, премиерот Мицкоски не ја исклучува можноста да ги одземе ингеренциите на ЈСП.

Advertisements

Според Мицкоски, доколку не се најде решение со новиот тендер за снабдување со нафта, тогаш Владата повторно ќе биде принудена да обезбеди гориво за автобусите на ЈСП.

За автобусите на Јавното претпријатие пред неколку недели Владата обезбеди 250.000 литри дизел откако добавувачот на гориво на ЈСП го прекина договорот и автобусите останаа без гориво.

Авни Тахири

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button