
Францускиот претседател Емануел Макрон синоќа изјави дека ќе остане на функцијата до крајот на мандатот, кој трае до мај 2027 година, пренесе Ројтерс.
Во синоќешното обраќање до нацијата, еден ден откако членовите на францускиот парламент и изгласаа недоверба на владата предводена од Мишел Барние, Макрон рече дека ќе остане на чело на земјата.
„Мандатот што ми го дадовте трае пет години и ќе го исполнам до самиот крај“, рече Макрон за време на десетминутниот говор, додавајќи дека во „наредните денови“ ќе именува нов премиер.