ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Владата ќе прифати се што ќе договорат работодвачите и работниците

Владата ќе прифати се што ќе договорат работодвачите и работниците

Владата ќе прифати се што ќе се договорат работодавачите и работниците во однос на зголемувањето на минималната плата. Премиерот Христијан Мицкоски, рече дека на седницата на Социоекономско совет, на која треба да се расправа за ова прашање, до моментот кога бил таму, не стигнала на дневен ред точката каде синдикалците бараат зголемување на минимумот на 450 евра.

Advertisements

Средствата за усогласување на платите се предвидени во буџетот за следната година, но според Мицкоски, доколку се донесе одлука за зголемување на минималната плата, средствата ќе се обезбедат преку ребалансот на буџетот. Во меѓувреме, претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, рече дека во буџетот за следната година, кој е во собраниска процедура, има пари за зголемување на платите, вклучително и за минималната, која според нив треба да биде над 450 евра.

Трендафилов рече дека во буџетот по подолго време се предвидени средства за зголемување на платите за повеќе од 10 проценти./Алсат.мк

Ајнур Бафќари

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button