Потпишан Колективниот договор меѓу Министерството за здравство и Синдикатот на здравство
Потпишан Колективниот договор меѓу Министерството за здравство и Синдикатот на здравство

Потпишан е анекс на Колективниот договор меѓу Министерството за здравство и Самостојниот здравствен синдикат, за зголемување на платите на здравствените работници. Во Колективниот договор се опфатени сите профили на здравствени работници со средно образование и тоа медицински сестри кои се најбројни, лаборанти, физиотерапевти и други здравствени работници со средно образование, за кои е предвидено зголемување од 3.613 денари.
„Имајќи ги предвид спецификите на работата на лекарите во итната медицинска помош, каде што имаме помал интерес на лекарите за работа, стимулацијата на лекарите кои работат во оваа служба се обезбедува преку повисокиот коефициент за сложеност на услугата, во однос на другите лекари. Исто така, поради сложеноста на работата, се предвидува и зголемување на коефициентот на здравствените работници, каков што се на Клиниката за онкологија и радиотерапија„, рече Арбен Таравари, министер за здравство.