ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Експерти за криптопазарот укажуваат: Не верувајте во секоја криптовалута, голем дел од нив се шпекулативни и ќе исчезнат

Експерти за криптопазарот укажуваат: Не верувајте во секоја криптовалута, голем дел од нив се шпекулативни и ќе исчезнат

Во Северна Македонија засега нема јасна регулација за тргувањето со криптовалутите, додека плаќањето со нив, не е дозволено. Познавачите советуваат, носењето регулатива, ќе донесе побезбедно тргување, но и бенефити за граѓаните и за државата.

Advertisements

„Тргувањето на тие берзи изнесува околу 300 милијарди долари дневно. Од сето тоа заработуваат тие што ги поседуваат тие менувачници. За нив останува одреден процент, а тоа се значителни суми пари. Доколку ние како земја тоа го овозможиме законски, доколку и тука функционираат такви менувачите и компании што ќе го прават тоа, тогаш во Македонија ќе остануваат одредени вредности“, вели Симов.

„Кога би се случило такво нешто, ние тогаш ќе можеме да донесеме голем прилив на странски инвестиции во овој сектор. Сè уште сме во светска адаптација на криптоиндустријата, така што се надевам дека тоа што поскоро би се случило. Така ќе донесеме многу инвестиции, како и отворање на многу работни места и прилив од даноци во буџетот на Македонија“, посочува Симуновски.

Додека да се донесат регулативи, останува на граѓаните самите да бидат внимателни каде и како ги вложуваат сопствените средства./Глас на Америка

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button