СДСМ: Таканаречената „новогодишна корпа“ е нова измама
СДСМ: Таканаречената „новогодишна корпа“ е нова измама

Од СДСМ велат дека таканаречената „новогодишна корпа“ е нова измама затоа што Мицкоски намерно им дал време на трговците првично да ги покачат цените, а кога ќе ги спуштат нема реално намалување. Според оваа партија, пред стапувањето во сила на кошницата, цените се зголемени за 15-20%.
„Конкретно, ако ги погледнеме цените во маркетите: Пакување од 10 јајца сега е 90 денари, додека порано чинеше 75 денари. До пред две недели нафтата се продаваше по 82 денари, сега е 89 денари. Најмногу поскапе сирењето и сега е околу 500 динари за килограм. Граѓаните сега треба да плаќаат 497 денари за килограм сирење, додека до малку порано изнесуваше 429 денари. Поскапување за речиси 70 денари за килограм. Истото е и со многу други производи“, рече Симона Цветановска, СДСМ./Алсат.мк