СПОРТ

Руне по стапките на Ѓоковиќ, сака да го биде трениран од Федерер

Холгер Руне веројатно инспириран од последните случувања и започнувањето на соработката на Новак Ѓоковиќ и Енди Мареј како негов тренер доби идеја. Данскиот тенисер посакува во својот тренерски тим да го добие големиот шампион и еден од најдобрите на сите времиња, Роџер Федерер. Швајцарецот ја заврши кариерата, а иако веројатно не размислува премногу за да стане тренер можеби ќе се предомисли ако добие добра понуда.

Advertisements

„Во моментов не ми е потребен уште еден тренер. Сепак, јас сум голем фан на Роџер Федерер, така што – зошто да не. Не знам дали тоа во моментов го интересира воопшто…“, изјави Руне.

Данецот има проблем со тренерите во последните години, неколку пати го отпушташе и вработуваше Патрик Муратоглу, пред стартот на сезоната се реши за Ларс Кристенсен, а работеше и со Борис Бекер, Северин Лути, Кенет Карлсен.

Инаку, се зборува дека и Карлос Алкараз ќе се реши за ваков потег, бидејќи би можел во иднина да соработува со Рафаел Надал кој тукушто се пензионираше.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button