СВЕТ

Над 26 лица се отруле со јаглерод моноксид во камп во Швајцарија

Според првичните информации, синоќа во еден шатор имало прекумерна акумулација на јаглерод моноксид, а околу 22 часот и 30 минути неколку лица ненадејно се онесвестиле или се пожалиле дека се чувствуваат лошо, соопшти денеска кантоналната полиција во Обвалден, пренесе Велт.

Advertisements

После тоа групата од 35 лица веднаш излегла на чист воздух. Според податоците на полицијата, затруени се вкупно 26 лица, од кои 17 се хоспитализирани.

Причината за зголемената акумулација на јаглерод моноксид ја истражува кантоналната полиција заедно со Институтот за судска медицина во Цирих, се вели во соопштението.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button