ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Нема ниту една судска разрешница за Мерко

Нема ниту една судска разрешница за Мерко

Иако од ставањето на Рамиз Мерко на црната листа на американскиот Стејт департмент, помина повеќе од година и половина, ниту за еден случај за кои се водат судски процеси против него, досега нема разрешница. Во моментот против Мерко активни се осум предмети, од кои неколку за незаконско поставување на директори во пет основни училишта во Струга и струшко, како и за набавката на луксузното ауди А6. Судските процеси траат веќе со месеци, често пати со одлагање на истите, како и со барање на иземање на судии од страна на одбраната на Мерко. Последните две судења на почетокот на декември исто така беа одложени, на барање на одбраната,заради боледување на бранителот на Мерко.

Advertisements

„Нема нови обвиненија против истото лице. Активни се сите обиненија за кои јавноста беше информирана“, велат од ОЈО-Струга.

Мерко, беше првиот функционер на ДУИ, кој беше ставен на црната листа на американскиот Стејт департмент во јуни 2023 година. Иако од тогаш до денес, помина повеќе од година и половина, Мерко се уште ја извршува функцијата, не покажа морална и етичка одговорност, да се повлече од истата. Единствено ги замрзна сите активности во ДУИ. Првиот судски процес, за Аудито, почна дури 10 месеци по неговото прогласување за персона нон грата, односно на 27 април, но и тогаш не се појави во судница. Ако не беа САД, кривичните пријави за Рамиз Мерко се уште ќе беа во фиока вели адвокатот Владо Чингоски.

„Од ДУИ ако мислеа дека треба да се оградат од него за да бидат во корелација со нашиот стратешки партнер, требаше да побараат оставка од него. Неможеме да прејудицираме каква ќе биде одлуката, дали ќе биде осуден или нема да биде, но да не не чуди да биде ослободен или да помине со некоја симболична казна, односно условна пресуда“, рече Владо Чингоски- адвокат.

Меѓу последните обиненија кои Мерко ги заработи e она за бесправно градење на објект кај базенот на еден струшки хотел. Според обвинението, сопственик на фирма во мај 2019 година поднел барање за реконструкција на базенот во хотелот, но од Мерко добил дозвола да изгради цел објект. Со тоа тој на инвеститорот му овозможил да се стекне со имотна корист – недвижност, со вкупна површина од 513 м2 и проценета вредност од 781.527 евра. Со ова тој ги пречекорил границите на своите службени овластувања. Мерко на црната листа на САД беше ставен, бидејки бил вмешан во значајна корупција. Оттаму велат дека, како градоначалник на Струга, злоупотребувал општински средства и се мешал во судски и други јавни процеси, наштетувајќи ѝ на довербата во демократските институции и функционери./Алсат.мк

Мики Трајковски

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button