ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Од ДУИ велат дека остануваат посветени на соработката со САД

Од ДУИ велат дека остануваат посветени на соработката со САД

ДУИ, како никогаш досега, штедејќи на зборови, реагираше по ставањето на црната листа на поранешниот вицепремиер Груби и неговото семејство за поткуп и поткопување на судски постапки, на сметка на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков.
„ДУИ вели дека ја почитува одлуката против шефот на кабинетот на Али Ахмети и дека како партија останува посветена на стратешката соработка со САД и на зајакнувањето на демократските вредности и транспарентноста.

Advertisements

За одлуката на САД, синоќа преку објава на социјалните мрежи реагираше и самиот Груби, кој рече дека бил изненаден и веста ја дознал преку медиумите, но сепак инсистирал да се разјасни ова прашање, бидејќи со САД со години ја делел визијата за заштита на демократските вредности како и членството на земјата во НАТО и ЕУ.

„Ќе се заложам со целосна посветеност и максимално, заедно со сите наши пријатели и партнери со кои ја споделувавме визијата и со години работевме за интеграција на земјата во евроатлантските структури, целосно да го разјасниме ова прашање, се вели меѓу другото во објавата на Груби.

Со рекација излегоа и од Алијансата за Албанците на Зијадин Села, која бара оддалечување на Груби од политиката, но осврнувајќи се на обвинувањата од САД, како индивидуална акција на Груби.„Ги повикуваме обвинетите да се повлечат од институционалниот и политичкиот живот и како слободни граѓани да се соочат со обвиненијата. Индивидуалната одговорност е камен-темелник на една модерна, непристрасна и демократска држава“.

Но, во реакцијата на Алијанса за Албанците, и покрај тоа што се осудуваат врските на судството со политиката и олигархијата, ниту збор не се кажа за нивниот министер и за измените на Кривичниот законик во негово време, за намалување на казни за злоупотреба на службената положба од страна на службени лица .
Најдиректен беше пратеникот Муса Џафери, еден од основачите на самата партија, кој уште еднаш за поразот на изборите и состојбата во партијата го обвини на поранешниот вицепремиер Груби .
Муса Џафери, пратеник

„Среде кампања, без разлика, овде нема оправдување за ова, го зема куферот и им велеше на Изет Меџити и на другите „спакувајте се и одете си“. И на крајот ги зедоа куферите, не спакуваа, не испратија во опозиција./Алсат.мк

Ајнур Баќари

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button