Сиљановска Давкова: Обвинителството да постапи за Груби и Беџети
Сиљановска Давкова: Обвинителството да постапи за Груби и Беџети

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова одговарајќи на новинарско прашање во врска со тоа што поранешниот вицепремиер Артан Груби и судијата Енвер Беџети завршија на црната листа, рече дека тоа е јасна порака дека и органите на прогонот во земјава треба да започнат со истрага против овие лица. Давкова вели дека доколку домашните истражни органи не постапат откако овие лица се нашле на црната лица, тоа ќе биде сигнал дека во земјава се толерира беззаконието.
„ Тоа е една порака дека мора да се оди сметка за нешто што ние во правото го нарекуваме допрен глас, ама ова е допрен силен глас заснован на факти и докази. Не смееме како досега да останеме мирни и така некои кои се нашле на црните листи да си продолжат со своите редовни активности. Ако јавните обвинители треба да постапуваат по допрен глас, треба да постапуваат и во случајот. Постојат во меѓународното право, постојат и во меѓусебните односи начини како да се дојде и до тие докази и како да се почне постапка овде, зошто во спротивно ние не реагираме тогаш кога мора да реагираме и всушност на тој начин го толерираме беззаконието„, рече Гордана Сиљановска Давкова.