Османи за седницата на Уставeн: Моноетничките состанувања секогаш се најава за лоши периоди во мултиетнички држави

Закажувањето на подготвителни седници е само продолжвање на процесот на укинување на Законот за употреба на јазиците. Ова пред медиумите претпладнево го изјави потпретседателот на ДУИ, Бујар Османи, во врска со одлуката на Уставниот суд да одржи подготвителна седница за иницијативите поврзани со Законот за јазиците, пред да се произнесе за неговата и уставноста на дел од неговите одредби.
„Тоа го знаеме од начинот на којшто Уставниот суд постапуваше по нарачката за укинување на правото на етничка идентификација т.н. укинување на ‘балансерот’“, рече Османи во изјава за медиумите пред Уставниот суд.
Во име на партијата и на коалицијата „Европски фронт“, Османи го осуди денешното заседание на Уставниот суд, велејќи дека апсолутно е недозволиво Судот како највисок орган во државата да одржува седници за сензитивни теми и тоа во моноетнички состав.