Костадиновски: Подготвителната седница може да се одржи на почетокот на март, му се допаѓало некому или не, ќе донесеме одлука

Според очекувањата на претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, подготвителната седница би можела да се одржи во почетокот на март. Информацијата денеска со новинарите ја сподели самиот Костадиновски додавајќи дека нема да дозволи Уставниот суд да биде уценуван и да се става под притисок од било кој.
„Неколку пати кажав дека нема да дозволам Уставниот суд да биде уценуван од никого и нема да дозволам да биде под притисок и закани од никого. Секој што мисли дека правната држава, правната држава ќе биде спречена со политички влијанија и манипулации, воопшто да не се обидува. Такво нешто нема да се случи. Уставниот суд има јасни овластувања, произлезени од Уставот. Уставниот суд е чувар на Уставот и го одржува во форма каков што е“, нагласи Костадиновски.
Костадиновски додаде дека е лага оти Уставниот суд работи против Охридскиот договор. Како што рече, Охридскиот договор е дел од Уставот, додека тие се тука да го штитат Уставот.
Како можен период за повторно одлучување по предметот од страна на Уставниот суд, Костадиновски го очекува месец мај.