ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Времето денеска: Променливо облачно со сончеви периоди и температура до 14 степени

Променливо облачно време со сончеви периоди е прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за денешниот ден. Во претпладневните часови по котлините ќе има појава на магла и ниска облачност, а вдолж Повардарието ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Наутро температурата ќе биде од минус 3 до 4 Целзиусови степени, а во текот на денот од 4 до 14 степени.
Во Скопје денеска ќе преовладува променливо облачно време со слаб северен ветер, а температурата ќе се движи од 4 степени наутро до 9 степени во текот на денот.