СПОРТФУДБАЛ

Најспосакуваната и најтешката можна група за Македонија 

Фудбалската репрезентација на Македонија денес ќе ги дознае противниците во квалификациите за Светското првенство во 2026 година, што ќе се игра во Канада, САД и Мексико.

Advertisements

Шешир 1: Франција, Шпанија, Англија, Белгија, Холандија, Португалија, Италија, Германија, Хрватска, Швајцарија, Данска, Австрија

Шешир 2: Украина, Турција, Полска, Шведска, Велс, Унгарија, Србија, Словачка, Романија, Норвешка, Грција

Шешир 3: Шкотска, Словенија, Македонија, Ирска, Финска, Албанија, Грузија, Исланд, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Израел, Чешка

Шешир 4: Бугарија, Фарски Острови, Ерменија, Белорусија, Косово, Казахстан, Азербејџан, Естонија, Кипар, Литванија, Летонија, Финска

Шешир 5: Молдавија, Андора, Малта, Гибралтар, Лихтенштајн, Сан Марино

 

Најпосакувана група:
Австрија, Словачка, Македонија, Естонија, Андора

 

Најнепосакувана група:
Франција, Србија, Македонија, Бугарија, Молдавија

 

Квалификациите за европските селекции за СП 2026 ќе започнат во март 2025 година со групите од пет учесници во квалификациите, додека групите со четири тима ќе започнат во септември 2025 година.

Пласман на Мундијалот, од европската зона, ќе обезбедат победниците од групите, додека второпласираните ќе одат во бараж со четирите најдобропласирани репрезентации од Лигата на нации кои нема да изборат пласман преку квалификациите.

На овој Мундијал првпат ќе играат 48 репрезентации. Мексико и Канада ќе имаат по три града домаќини, а САД дури дванаесет.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button