ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Записниците од Судкси совет доставени до Обвинителството

Записниците од Судкси совет доставени до Обвинителството

Откако полицијата вчера влезе во судскиот совет, обезбедени се бараните документи и дополнително ќе се утврдуваат евентуални елементи на кривично дело, потврдуваат од МВР во телефонски разговор за телевизија Алсат.

Advertisements

„Случајот моментално се наоѓа во предистрага. Полицијата ги обезбеди записниците по кои се трагаше и истите ќе бидат предадени кај јавен обвинител. Кога ќе заврши целата постапка, ќе ја информираме јавноста„, велат од МВР.

Од судскиот совет пак, за настанот кој се случи вчера велат дека не станувало збор за никаков претрес и дека судскиот совет соработувал со надлежните органи.

„По примени писмени барања на ОЈО Скопје, Судскиот совет на РСМ постапи по истите. Нагласуваме дека не е издадена наредба за претрес, ниту е извршен претрес во просториите на Судскиот совет на РСМ. Советот соработува и ќе продолжи да соработува со сите надлежни органи и институции во државата„, велат од Судски совет.

Премиерот Христијан Мицкоски пак одговарајќи на прашање за последните случувања во судскиот совет истакна дека наскоро ќе биде расчистен и овој случај

„ Конкретната акција од вчера е како што кажавте со цел да се потврди основано сомневање за фалсификување на записници од работата на судскиот совет преку коишто практично се манипулирала волјата и мислењето на членовите на судскиот совет од страна на поединци и очекувам дека многу скоро од денеска и тоа ќе биде расчистено„, додаде Христијан Мицкоски, премиер.

Обвинителството синоќа објави дека по нивна наредба полициски службеници обезбедуваат два записници од судскиот совет, нагласувајќи дека не станува збор за формираниот предмет за црната листа на САД. Минатиот месец пак, Мицкоски одговарајќи на пратенички прашања рече дека од свиркачи добил информации за фалсификувани записници во советот. Премиерот тогаш спомена дека има групи кои фалсификуваат документи со различни датуми и печати, без потписи и го повика обвинителството да ги истражи овие наводи./Алсат.мк

Михаило Донев

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button