ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Мицкоски најавува десетици полициски акции против криминал

Мицкоски најавува десетици полициски акции против криминал

По акцијата „Адитиви“ во кој се осомничени 23 лица поврзани со сомнителна милионска набавка за РЕК Битола, премиерот Мицкоски најавува десетици други полициски акции кои ќе покажата што се случувало изминатите години.
„Министерството за внатрешни работи заедно со срамежливото Обвинителство влегуваат во акција, таа акција беше спроведена пред неколку дена за којашто вие зборувате, 23 лица се осомничени и два правни субјекта“, рече премиерот Христијан Мицкоски.

Advertisements

Полицијата се уште трага по Васко Ковачевски, поранешниот директор на ЕСМ, кој е меѓу осомничените во полициската акција „Адитиви“. Од МВР за Алсат велат дека во моментот кога тој ќе биде обезбеден, полицијата веднаш ќе ја извести јавноста.

Основниот кривичен суд Скопје завчера одреди притвор во траење од 30 дена на поранешниот директор на АД ЕСМ Васко Стефанов и за уште седум лица осомничени за криминал тежок 6,5 милиони евра .Покрај ова, едно лице е во домашен притвор, за 13 лица се изречени мерки за претпазливост, а беа изврешени претреси на вкупно 77 локации. Уште од почетокот на својот мандат, Мицкоски најавува дека во повеќе државни институции има индиции за сериозен криминал и дека во наредниот период сите кои биле вклучени во тоа ќе бидат изведени пред лицето на правдата./Алсат.мк

Михаило Донев

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button