СПОРТФУДБАЛ

Македонија почнува во Лихтенштајн, Белгија доаѓа во јуни

Фудбалската репрезентација на Македонија ќе игра во групата “Ј” во квалификациите за Светското првенство кое во 2026 ќе се одржи во САД, Канада и Мексико. „Рисовите“ добија група по мерка, ќе се судрат со Белгија, Велс, Казахстан и Лихтенштајн.

Advertisements

По неколкучасовна подготовка познат е и официјалниот распоред на натпревари. Нашите фудбалери на 22 март ќе ги отворат квалификациите со гостување кај Лихтенштајн, потоа следи домашен меч со Велс, па во јуни ја дочекуваме Белгија.

Четвртото коло нуди гостување кај Казахстан, а во петтото Македонија е слободна. Во септември го дочекуваме Лихтенштајн, па во октомври следи гостински меч кај Белгија и домашен со Казахстан. Повторно слободна Македонија е во деветтата рунда, а квалификациите ги затвораме на гости кај Велс.

Прво коло: Лихтенштајн – Македонија (22 март, 15:00 часот)

Второ коло: Македонија – Велс (25 март, 20:45 часот)

Трето коло: Македонија – Белгија (6 јуни, 20:45 часот)

Четврто коло: Казахстан – Македонија (9 јуни, 16:00 часот)

Петто коло: Македонија е слободна

Шесто коло: Македонија – Лихтенштајн (7 септември, 18:00 часот)

Седмо коло: Белгија – Македонија (10 октомври, 20:45 часот)

Осмо коло: Македонија – Казахстан (13 октомври, 20:45 часот)

Деветто коло: Македонија е слободна

Десетто коло: Велс – Македонија (18 ноември, 20:45 часот)

 

Првопласираната репрезентација оди директно на Мундијалот, додека второпласираната ќе игра бараж за место на светската смотра.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button