ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ДУИ ја повикува Владата на непристрасен процес на ветинг за политичарите

ДУИ ја повикува Владата на непристрасен процес на ветинг за политичарите

По објавувањето на американската црна листа на која се најде и поранешниот вицепремиер Артан Груби и истрагите против други функционери на ДУИ, интегративците денеска преку соопштение побараа проверка на изворот на богатство на сите политичари во последните 30 години. Според нив, само така ќе има гаранции за владеење на правото. Интегративците дури велат дека владата ја користи антикорупцијата како пропаганда за партиски придобивки.
„Бараме владата без одлагање да иницира непристрасен и сеопфатен процес на проверка на изворот на богатството на политичарите во изминатите 30 години и како се спроведени процесите на приватизација. Владата не може да тврди дека го гради правото со користење неправедни тактики и манипулации кои само ги продлабочуваат поделбите во општеството“, велат од ДУИ .
Во таа насока, истрагите за функционерите на ДУИ, Блерим Беџети ги гледа како антиалбански наратив.
„Не е здраво ниту за тоа, ниту за обидот за дефокусирање што се случи против овој антиалбански наратив, да се покрие и да се обиде што мислам дека е дел од тој наратив како Албанците се криминализирани  или дека го прекршиле законот. Секој што го прекршил законот треба да биде достапен пред органите на редот“ , рече Блерим беџети, европски фронт.
Кога ДУИ зборува за ветинг, тоа е како да му сврти грб на постојаниот сојузник на Албанците, САД. Оваа партија има тенденција да се потсмева и со Албанците и со нивниот постојан пријател, реагираат од албанските партии на власт.
„Бидејќи имаат силна желба за ветинг, Артан Груби сега веќе и направи ветинг на ДУИ. Албанците добро знаат дека во позадината на огнената „патриотска“ реторика се кријат чисти финансиски интереси на кланот политички олигарси чија одговорност за корупција тропа на врата! Ова ни го открија нашите постојани сојузници САД. Албанците и САД да не ги сметаат за наивни. Доаѓаат бели денови за Албанците и за државата, а ќе дојдат црни денови за тие што злоупотребувале и изнудувале, каде сите ќе бидат изведени пред лицето на правдата. Ние како Коалиција одамна предупредуваме: ДУИ е заробена од криминалната структура, со Али Ахмети на чело и неговата сенка, Артан Груби, кој ги извршуваше неговите наредби. Прашањето што го покренавме е јасно: уште колку пораки треба да испратат САД за оваа партија да сфати дека постои итна потреба за длабоки програмски и кадровски реформи?“, велат од ВРЕДИ.
По ставањето на Артан Груби и Енвер Беџети на американската црна листа, Обвинителството отвори предмети. Досега се отворени истраги за други функционери на ДУИ осомничени за различни кривични дела поврзани со корупција, меѓу кои и Фестим Халили, поранешен директор на Фондот за иновации и Ардијан Муча, поранешен економски директор на ЕСМ. /Алсат.мк
Линда Ебиби
Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button