СПОРТФУДБАЛ

Газдата на Рома го презема англискиот клуб од Ливерпул

Евертон наскоро официјално ќе има нови сопственици откако Премиер лигата даде дозвола за продажба на клубот.

Advertisements

Во процесот кој трае неколку месеци, групата Фридкин договори купување на 94,1% од акциите од сегашниот сопственик Фархад Мошири. Се очекува се да биде завршено за неколку недели по што новите газди ќе го преземат клубот од Ливерпул.

Евертон нема да биде прв клуб под водство на американската групација Фридкин, предводена од Ден Фридкин. Во декември 2019 година тој ја откупи Рома за 591 милион долари, па освен Серија А, сега ќе има и колектив од Премиер лигата.

ФОТО: Sundayworld

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button