Верстапен: Во 2026 година не очекуваат големи промени

На возачот на Ред Бул и актуелен светски шампион во Формула 1, Макс Верстапен му беше врачен трофејот на гала церемонијата што се одржа во Африка.
За првпат во историјата, африканскиот континент беше домаќин на гала церемонијата на крајот на сезоната во Формула 1. Церемонијата се одржа во Руанда, во Кигали, а домаќини беа претседателот на ФИА Мохамед Бен Сулајем и претседателот на Руанда, Пол Кагаме.
„Неверојатно е, четири титули – неверојатно. Се разбира, се надевам дека нема да застанам тука. Се надевам дека ќе можеме да бидеме успешни уште долго. Оваа година беше многу неизвесна, но во 2026 година не очекуваат големи промени“, рече Холанѓанецот.
Инаку со овогодишниот трофеј Верстапен стана еден од шесте возачи кои освоиле четири или повеќе титули во историјата на Формула 1.