ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Владата нема да прави отстапки на патот кон ЕУ

Владата нема да прави отстапки на патот кон ЕУ

Ако од Брисел се подготвени да најдеме конструктивно решение и да го продолжиме патот, секогаш сме тука да одговориме позитивно, во спротивно, можам да заклучам дека ние како држава и западниот Балкан за жал не сме во фокусот на оваа администраија на Брисел, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски во одговор на новинарско прашање дали очекува поместување во делот на евроинтегративниот пат на земјава во пресрет на неговото патување во Брисел во вторник. Мицкоски вели дека државата ќе продолжи да промовира европски вредности, но и дека досега направила многу за влез во Унијата и дека повеќе отстапки нема да има.

Advertisements

“Реформите ги правиме согласно мониторингот на Европа и така и ќе продолжиме, ние не сме опасност, ние сме под чадорот на Европската Унија. И бидејќи таму има политичари во Брисел коишто одлучија да бидат заложници на политичари кои се уште се со мислите во средниот век, наместо да гледаат кон 21 и 22 век, ние повеќе отстапки немаме намера да правиме додека сме Влада, ако си најдат некоја друга влада тогаш нека си ја донесат, нека си прават, оваа Влада такви отстапки нема да прави„, рече премиерот Христијан Мицкоски.

Покрај Мицкоски, во среда во Брисел со него ќе замине и министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, кој вели дека граѓаните повеќе не се сигурни дека спроведувањето на уставните измени се последната пречка до европскиот пат на земјава. Според Мицкоски потребно е двете земји да направат јасен и извесен пат по кој земјата треба да чекори.
„Треба да исцртаме еден јасен пат за тоа како ќе се движат нашите преговори кон полноправно членство – што е тоа што се очекува од нас и што е тоа што треба да го направиме за да ние имаме предвидлив и извесен пат. Не велам дека изноѓање на такво решение ќе биде лесно ниту за нас како држава ниту за ЕУ, но велам, таквото решение коешто дава извесност и предвидливост ќе биде примарно најдобро за нас да не бидеме повторно во оваа ситуација, но ќе биде многу значајно и за кредибилитетот на ЕУ кој сака да го создаде во регионот„, рече министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски.

Следната недела пак, односно во среда на самитот ЕУ-Западен Балкан во Брисел се очекуваат повеќе средби на домашни со претставници на Европската Унија, на кои треба да стане збор токму за пристапните процеси на земјите од Западен Балкан во Унијата./Алсат.мк

Михаило Донев

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button