ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Муцунски: Сериозни индикации за злоупотреба на јавни средства од поранешниот амбасадор Љубомир Фрчкоски

Муцунски: Сериозни индикации за злоупотреба на јавни средства од поранешниот амбасадор Љубомир Фрчкоски

За поранешниот амбасадор на земјава при Обединетите Нации во Њујорк, Љубомир Фрчкоски, постојат сериозни индиции за голема злоупотреба на јавни буџетски средства во текот на последните неколку години, изјави денеска министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски.

Advertisements

Министерот рече дека во рамки на ресорното министерство веќе се спроведува истрага за тоа колкава е направената штета и дека потоа предметот ќе биде доставен на работа до Обвинителството. Муцунски рече дека очекува истрагата во министерството за овој случај да заврши до крајот на декември, но не откри конкретно колкава штета е направена, иако потенцираше дека станува збор за милионска сума.

“Ние ќе ги преземеме сите неопходни мерки што имаме право да ги преземеме како Министерство, по однос на такви состојби кога има сериозни индиции за злоупотреба на јавни буџетски средства, а понатаму ќе имаме обврска, наскоро, многу наскоро ќе заврши таа процедура, секако да ги информираме и релевантните институции во делот на правосудството, но понатаму што тие ќе преземат излегува надвор од надлежноста на оваа институција и преминува во нивна надлежност. Но, треба да му биде на секого јасно дека тука тоа што го видов се изразувам многу дипломатски кога велам сум загрижен, вакви состојби не смеат да се повторуваат како што се повторувале во последните години, посебно кога индициите ни укажуваат дека штетата е во шест цифри во евра”, рече Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна трговија.

 

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button