ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Село Чајле, големи куќи вредни и стотици илјади евра, седат празни

Село Чајле, големи куќи вредни и стотици илјади евра, седат празни

Бројни куќи овде во селото Чајле во Гостивар вредат стотици илјади евра, но, за жал, наидовме на затворени врати и прозорци. Тоа е поради миграцијата. Остануваат само постарите лица. Со солзи во очите зборуваат за копнежот по своите деца, внуци и правнуци.

Advertisements

„Потешко не може да биде, нема полошо. Сите сме оставени сами . Имам 4 деца и сите се надвор. 5-6 внуци. Тука живеам само со бабата. Додека ја имам бабата не е многу тешко, но кога таа ќе замине и ќе останам сам, тогаш е лошо“, рече Ќефли Фазлиу жител на с .Чајле.

Новинар: Дали ви недостасуваат внуците да ги иматер дома заедно како порано?

„О, умре тоа време , немам веќе внуци, внуки, само сам. Ги гледаме само преку телефон“, рече Синан Елези Жител на село Чајле.

„Животот сега е многу тежок, не малку, туку многу, многу, да се живее во старост сам без внуци без луѓе е катастрофа. Многу лошо е , не само за мене, туку и за сите кои живеат сами. Ова е катастрофа. Економската ситуација ги принуди да заминат. Не дека децата сакаат да не остават сами, но се принудени да заминат“, нагласи Синан Елези Жител на село Чајле.

Скендер Рамадани живее во Америка, а бил принуден да ги остави своите родители сами. Вели дека паметот секогаш му е кај семејството.

„Татко ми и мајка ми се тука, јас сум роден во Америка и пораснав таму, но најлошото за нас кои живееме надвор е недовербата и неинвестирањето во здравствените институции и нашата национална ситуација не загрижува повеќе, бидејќи сме убедени дека немаме доверба во овие институции дека ќе се грижат“, рече Скендер Рамадани. Жител на Чајле.

Селото Чајле има вкупно 1050 куќи, но според Месната заедница, околу 1.000 се без луѓе. Во селото Чајле, како и во многу други села, изградени се мртовечници, во случај на смрт на постаро лице, додека се чекаат членовите на семејствота да стигнат во својата татковина./Алсат.мк

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button