КОШАРКАСПОРТ

Оклахома Сити и Милвоки Бакс во финалето на НБА Купот

Кошаркарите на Оклахома Сити Тандерс по голема борба и драма во последната четвртина го совладаа тимот на Хјустон Рокетс со 111-96 и со тоа се пласираа во финалето од НБА Купот. Шеј Гилџес Александар веќе неколку сезони ги носи Тандерси на раменици. Тој одигра одлично во второто полувреме, во кое постигна 20 од своите 32 поени. Гилгџс-Александер одлично го поддржаа Исаја Хартенштајн и Џејлен Вилијамс, кои постигнаа по 21 поен.

Advertisements

Хјустон беше поразен поради очајното шутирање за три поени, постигна само 11 од 46 обиди. Ајмен Томпсон беше најефикасен со 19 поени, а  Џабари Смит и Дилон Брукс постигнаа по 14.

Во финалето Оклахома ќе се сретне со Милвоки Бакс, кој во првото полуфинале од овогодишниот НБА Куп во Лас Вегас славеше над Атланта со 110-102.

Одново на паркетот блесна Јанис Адетокумбо, кој беше и прогласен за играч на натпреварот. Грчкиот ас натпреварот го заврши со 32 поени и 14 скока, а одличен беше и Лилард со 25 поени. Најдобар поединец беше Јанг со 35 поени, седум скока и десет асистенции.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button