ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Едвард Џозеф: Новата влада мора да покаже конкретни потези во борбата против корупцијата

Едвард Џозеф: Новата влада мора да покаже конкретни потези во борбата против корупцијата

Новата влада мора да покаже конкретни потези во борбата против корупцијата, во делот на обвинителите и судиите, низ етно-националниот спектар и сето тоа да не биде селективно, вели во интервју за Радио Слободна Европа, Едвард Џозеф, експерт за западен Балкан и професор на Универзитетот Џон Хопкинс. Според Хопкинс, сепак, разочарувачки е тоа што и натаму САД мора да реагира и да става луѓе на црната листа многу години после транзицијата во земјава.
„Разочарувачки е што многу години после таканаречената транзиција гледаме потреба САД да прават вакви чекори, коишто од друга страна се неопходни и правилни. Но, да се вратиме на првиот дел. Најдобриот показател дека ваквата одлука беше правилна од САД, кои за жал мораа да го стават поранешниот вицепремиер Артан Груби на црната листа, е дека самата ДУИ рече дека ја почитува одлуката. Фактот дека ДУИ го рече тоа и ја потенцираше важноста на односите со САД, тоа е позитивен чекор.  Имате релативно нова Влада. Тие направија некои почетни потези, но треба да направат повеќе. Морам да кажам дека ја забележав реакцијата на премиерот (Христијан) Мицкоски, кој реагираше и го поддржа потегот на САД и тука повторно гледаме дека тоа се нагласува. Ја слушнавме и забелешката на амбасадорката на САД (Анџела) Агелер, која рече дека овие докази ви се достапни на сите и дека ова не се посебни докази кои ги имаат само САД. Така што одговорот на вашето прашање е дека од Мицкоски и од Владата мораме да видиме потези„ рече Едвард Џозеф, експерт за западен Балкан.

Advertisements
Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button