ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Таравари: ЕУ, целта на ВЛЕН

Таравари: ЕУ, целта на ВЛЕН

Ние како Алијанса за Албанците но и како ВЛЕН остануваме посветени на патот на земјата кон евроинтеграциите, но мора да ни биде јасно дека без ВМРО не може да се направат уставни измени. Ова денеска го изјави Арбен Тараври, кој рече дека тоа е и поентата на коалицискиот договор и дека се обидуваат да овозможат почеток на преговорите, бидејќи за земјава нема друга опција освен европскиот пат. Таравари рече дека треба да се има предвид и дека во Бугарија се уште нема функционална влада, што целосно ја отежнува процедурата за иницирање уставни измени.

Advertisements

„Ова беше првата точка од нашиот договор, односно европскиот пат на Македонија, но мора да имаме предвид дека без разлика каква комбинација, без ВМРО, нема да се направат уставни измени. Затоа, продолжуваме да се трудиме да го најдеме најлесниот и најизводлив начин за што поскоро почеток на преговорите. Да бидеме јасни и да ја испратиме пораката, ако ВМРО е против, мислам дека ВМРО е за, првично, но со условите што ги кажа пред изборите„, рече Арбен Таравари, Алијанса за Албанците.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button