ЕКОНОМИЈА
Цената на биткоинот постави нов рекорд – првпат надмина 105 илјади долари

Вредноста на најпознатата криптовалута биткоин утрово достигна рекордно високо ниво и по првпат надмина 105 илјади долари, пренесува Би-би-си.
Според Ројтерс, вредноста на биткоинот се зголемува откако Доналд Трамп победи на претседателските избори во Соединетите Американски Држави (САД), а за време на неговата кампања ветуваше дека ќе го направи стратегиски резервен фонд.
Аналитичарите прогнозираат дека следната вредност на биткоинот што ќе ја бара пазарот е 110 илјади долари.