ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Полициски претреси во домовите на Груби и ексдиректорот на Лотарија, Бајрами

Полициски службеници од утрово вршат претреси на повеќе локации поради постоење сомнежи за сторен организиран криминал во „Државна лотарија“, пренесуваат дел од медиумите. Според нивните информации, претрес е извршен и во домот на поранешниот вицепремиер Артан Груби, како и кај поранешниот директор на Лотарија, Прпарим Бајрами. И двајцата не се пронајдени во своите домови.